Претседателските избори и Антикорупциската комисија позитивни точки во европскиот извештај

Од:

Вашиот дел од работата го сработивте, рече потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, обраќајќи се до Северна Македонија и до Албанија, на денешната презентација на најновите стратегии за проширувањето на ЕУ.

„Северна Македонија и Албанија својот дел од работата го сработија, а сега останува ЕУ да го сработи своето и топката е кај комитетот“, рече таа во Европскиот Парламент.

Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, Македонија и Албанија ги посочи како најпозитивни примери во регионот.

„Двете земји успеаја да ги исполнат очекувањата. Северна Македонија не само што успеа да ги почне реформите, туку успеа да направи историски договор со Грција и да ги имполементира неопходните параграфи од договорот во Уставот“, рече тој.

Освен Договорот од Преспа, Хан потенцираше дека државата и со договорот со Бугарија дала јасна порака до соседството и „станала пример за градење добрососедски односи“.

„Со ова, Северна Македонија еединствената земја во регионот која нема меѓусоседски конфликти“, рече Хан.
Освен ова, тој ги спомена и успешно спроведените претседателски избори, формирањето на Антикорупциската комисија, како и реформите во администрација и во судството.

За Албанија, Хан рече дека се очекува голема трансформација во правосудниот систем и реевалуација на судиите и јавните обвинители со цел искоренување на корупцијата.

Европската Комисија во извештајот смета дека земјата поминува низ “темелни промени во инклузивна и отворена политичка атмосфера“ и дека конкретни резултати се видливи во сите клучни реформски области: судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, разузнавачките служби и јавната администрација.

Во однос на СЈО, Европската комисија нотира дека ова тело ја докажала својата водечка улога во гонењето на високопрофилна корупција.

Сепак, ЕК бара дополнителен напор од „сите судски институции“ за враќање на довербата на јавноста во судството.

По објавувањето на позитивниот извештај и препораката за старт на преговорите, сега клучна останува одлуката на земјите членки на ЕУ за датумот за преговори, одлука која се очекува најрано во текот на јуни, но која би можела да биде одложена за јули или септември.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ