Претседателот на Управен суд поднесе оставка

Од:

А1 од извори од ДУИ и од извори од Управниот суд дознава дека, претседателот на Управниот суд Исамеди Лимани си поднел оставка, веднаш откако Управниот суд му ја одзема победата на Жерновски за Општина Центар и за Општина Струга.

А1он дознава дека денеска и вчера во Управниот суд било тензично, а Лимани не се согласувал со непрофесионалното работење на дел од судиите. Од 34 тужби на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар, Управниот суд прифати 32, а одби само 2 тужби.

За Струга од 8 поднесени прифатени се 7 тужби. Со двата приговора од ДИК, во недела во Струга ќе се прегласува на 9 избирачки места.

ДИК ги отфрли сите приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Центар бидејќи не најдоа никакви неправилности во избирачкиот процес, и затоа одлуката на Управниот суд кој што е конституиран и пополнет во времето на ВМРО-ДПМНЕ се смета дека е чисто политичка.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар