Претседателот на Собранието Вељаноски во официјална посета на Индија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од денеска престојува во прва официјална посета на Индија, соопшти собраниската прес-служба.

Тридневната посета на Индија, која е на највисоко државно ниво од осамостојувањето на Република Македонија, е на покана на претседателот на Долниот дом на индискиот Парламент (Лок Саба), Мира Кумар. Во состав на собраниската делегација предводена од Вељаноски се и пратениците Силвана Бонева и Ермира Мехмети.

Според агендата, претседателот на Собранието Вељаноски ќе се сретне со потпретседателот на Индија Мохамад Хамид Ансари, кој воедно е и претседател на Горниот дом на индискиот Парламент (Раџа Саба), како и со државаниот министер за надворешни работи Принит Кор.

Делегацијата на македонскиот законодавен дом на првиот ден од посета ќе положи венец во Меморијалниот центар на Махатма Ганди.

Претседателот на Собранието, Вељаноски, ќе присуствува и на седниците на Долниот и Горниот Дом на Парламентот (Лок Саба и Раџа Саба).

Во рамки на престојот, македонската делегација ќе има работна средба со претседателот и членовите на Постојаниот комитет за надворешни работи на Индискиот парламент.

За време на официјалната посета, планирани се средби и со други претставници на извршната власт, на сојузни држава и на администрацијата и локалните власти.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он