Претседателот на Полска утре пристигнува во дводневна посета на земјава

Од:

Полскиот претседателот Анджеј Дуда утре ќе допатува во дводневна официјална посета на земјава, во чии рамки в петок ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на државата Стево Пендаровски, а предвидено е да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев.

Како што соопшти Кабинетот на полскиот претседател, посетата на земјава, Дуда ќе ја почне утре вечер со церемонија на доделување Медал на претседателот на Република Полска на Здружението на полската заедница во Северна Македонија „Полонија“.

Според најавата, Дуда в петок ќе биде пречекан со највисоки државнички почести од претседателот Пендаровски во Вилата Водно, каде ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарни разговори на делегациите на двете земји. Двајцата претседатели по средбите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Дуда и Пендаровски истиот ден ќе се обратат и на отворањето на Полско-македонскиот економски форум, што ќе се одржи во хотелот Мериот во Скопје.

Во рамки на посетата шефот на полската држава ќе положи венец на гробот на националниот херој Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Полскиот претседател денеска престојуваше во Црна Гора, каде во рамки на еднодневната официјална посета одржа средби со црногорскиот државен врв.

Би можело да ве интересира

Два полски аеродроми затворени поради воени воздушни операции

Полски „ловци“ пресретнаа руски извидувачки авион

Карлсон: Моето семејство не треба да страда поради полската антируска хистерија

Путин да не лета над нашата територија, предупреди Полска – Најавувате тероризам, одговори Москва

Унгарија ја обвинува Полска за поттикнување тероризам во Европа

Туск: Солидарноста со Украина во борбата против руската агресија е поважна од кога било