Претседателот на ЛП Величковски на средба со граѓани во штипски Стар Конак

Од:

Претседателот на Либералната партија Ивон Величковски оствари средба со граѓани во штипската населба Стар Конак, на која присуствуваа и носителот на кандидатската листа на партијата во ИЕ3 Данчо Марковски и кандидатот за пратеник од Штип Пане Кукушев.

Величковски порача дека Либералната партија нема да прифати непринципиелни „широки“ коалиции, туку дека целта е чиста победа на опозицијата и затоа настапува самостојно.

– Причина за самостоен настап ни е потребата и можноста да ги извадиме гласачите кои знаат дека има потреба да се надмине кризата, и кои знаат дека гласањето за било кој од пржинската четворка всушност значи гласање за продолжување на мандатот на оние што ја создадоа кризата. И во исто време, да бидат сигурни дека во новата влада Либералната партија ќе биде гарантот на продолжување на мандатот на СЈО и дека во составот на таа влада нема да има лица оштетени со криминал, рече Величковски.

Посочи дека Либералната партија не сака влада која ќе определува колку ќе биде минималната плата, туку Влада што ќе гарантира дека минималната плата договорена меѓу работодавците и синдикатите ќе биде испочитувана и исплатена.

– Македонија нема проблем со прибирањето на средствата во буџетот, туку има проблем со нивната нерационална употреба, односно со нерационалниот пласман на средствата во непродуктивни проекти. Конечно, она што се дава во буџетот е од граѓаните – за граѓаните. Тоа е инвестиција во граѓаните. Според нас, во пензија треба да се оди на 63 години, за да има место и младите да се вработуваат. Ние сме гаранција дека и следниот, и по следниот и потоа ќе има пензија за сите, онака како што заслужиле, рече Величковски.

Посочи дека целта на партијата е растоварување на буџетот и во првите четири години влада во која ќе учествува Либералната партија тој да не биде 3,4 милијарди евра како сега, туку 2,9 милијарди, што значи намалување на давачките за граѓаните кон државата и 500 милиони евра повеќе во стопанството и кај граѓаните.

– Некои велат „Нема правда, нема мир“. Тоа е точно, но „нема пари – нема правда“, а „нема правда – нема мир“. Наравоучение: „Нема пари – нема мир“, рече Величкосвски.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска