Претседателот на Европската Асоцијација на Еразмус координатори во посета на штипскиот Универзитет

Од:

Директорот на Асоцијацијата на Еразмус координаторите и на европската канцеларија за кариера, Грегорис Макридес денеска одржа предавање на студентите и професорите за можностите што ги нудат овие две асоцијации, но и останатите фондови на ЕУ за реализирање на проекти од научната сфера.

– Целта е да се стимулира иновација меѓу европските фондови, фондови кои ќе ги користат сите земји на Европа. Оваа земја има право да учествува, една од најактивните е во Еразмус Програмата, а ја има и во други програми. Постојат многу можности во Фондовите, а денеска ќе прикажеме неколку идеи и како да се развиваат, вели Макридес.

Смета дека македонските универзитети треба да бидат поактивно вклучени во конферциите на Еразмус програмата, а програмата како што рече нуди мобилност на студентите и професорите, како и поголемо знаење и искуство во делот на научно истражувачките проекти.

Макридес денеска имал средба со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев, на која што штипскиот ректор се интересирал за можностите за остварување на соработка и вмрежување со други европски универзитети. Прашан дали македонските универзитети имаат проблеми поради политичкиот спор со соседна Грција, Макридес вели дека меѓу универзитетите постои соработка.

– Мислам дека соработката преовладува. Ги разбирам споровите, но, работиме и се надевам дека политичките проблеми нема да ја надвладеат соработката, вели Макридес.

Деканот на Електро-техничкиот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Татјана Атанасова – Пачемска вели дека претседателот на двете европски асоцијации е гостин во Штип во рамките на проектот Математичка дебата, кој што официјално стратуваше на 1 декември 2016 година, а е подджан од Еразмус Програмата.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро