Претседателот на ДПА, Мендух Тачи не гласаше, го немало во избирачкиот список

Од:

Претседателот на ДПА Мендух Тачи не гласаше на локалните избори бидејќи неговото име го немало во избирачкиот список на избирачкото место во Стара градинка, Тетово, додека неговата сопруга и двајцата синови беа во избирачкиот список и го исполнија своето гласачко право.

Мендух Тачи покажа биометриска патна исправа и рече дека и покрај тоа што има биометриски документ за идентификација, според неговите информации, Секторот за внатрешни работи-Тетово не го известил Државниот завод за статистика дека тој поседува патна исправа и затоа не е во избирачкиот список.

Според неговите информации, има стотина вакви случаи со луѓе што имаат биометриски документи, а не се во избирачките списоци, а сето тоа ја става под знак прашање регуларноста на изборите, особено, како што рече Тачи, дека 90 проценти од овие лица се нивни гласачи.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември