Претседателот на ДИК се сретна со амбасадорката на ОБСЕ во Скопје

Од:

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски денеска имаше работна средба со амбасадорката на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, која ја запозна со активностите на ДИК поврзани со изборниот процес.

Како што соопшти ДИК, амбасадорката беше информирана дека Владата на РМ и отстапи простор на ДИК за времено користење, во кој освен Стручната служба ќе бидат сместени и ИТ тимовите и консултантите кои во претстојниот период ќе бидат ангажирани за вкрстените проверки на Избирачкиот список со базите на податоци кои ќе бидат побарани од релевантни институции. Воедно, Чичаковски нагласи дека дури по вкрстените проверки на податоците, ќе настапи процес на теренска проверка на Избирачкиот список, во која освен подрачната служба на ДИК ќе бидат вклучени и претставници од четирите најголеми политички партии во Собранието на РМ.

Претседателот на ДИК и амбасадорката Суомалаинен изразија надеж дека усвоениот Меморандум за соработка на Државната изборна комисија со Мисијата на ОБСЕ во Скопје е добра основа за продлабочување на взаемните активности.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште