Претседателот Иванов во посета на семејства на загинатите во автобуската несреќа

Од:

Претседателот, Ѓорге Иванов, денеска во Гостивар ги посети семејствата Узеири, Трпевски и Исмаили, чиишто членови се меѓу загинатите патници во вчерашната автобуска несреќа, што се случи на патот Скопје – Тетово, во близина на селото Ласкарци.

Како што информираат од неговиот кабинет, македонскиот претседател на семејствата и на блиските на загинатите им изразил најдлабоко сочувство за претрпената загуба.

Претходно, во општина Гостивар, Иванов присуствуваше и се обрати на комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во вчерашната тешка сообраќајна несреќа.

„Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава“, порача претседателот во своето обраќање.

Во својот говор тој додаде дека во моментите на тага, треба тагата да ја споделуваме и да помислуваме на живите, односно како на најблиските да им се помогне да ги пребродат најтешките моменти во нивниот живот.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево