Претседателот Иванов се срeтна со шефот на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХ, Аренс

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска имаше средба со амбасадорот Герт Аренс, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека Република Македонија има капацитет да спроведе фер и демократски избори и дека македонските граѓани поседуваат голема политичка свест и зрелост да придонесат во реализација на такви избори. Република Македонија тоа го има и докажано во изминатиот период и не постои ниедна причина да не биде така и на претстојните локални избори, дополнил претседателот Иванов.

Посочувајќи дека спроведувањето на изборниот процес е еден од клучните критериуми за исполнување на стратешките цели на Република Македонија, претседателот Иванов изразил очекување дека изборниот натпревар ќе биде регуларен и конструктивен и ќе претставува борба на предлози и идеи, а не само борба за локална власт.

– И сега како и на претходните изборни циклуси, сакам да предупредам дека секој оној што нема да ги почитува воспоставените правила и законски норми за одржување на фер и демократски избори, ќе се соочи со најстрогиот можен институционален одговор”, потеницирал претседателот Иванов.

Двајцата соговорници се согласиле дека сите чинители во изборниот процес треба да се однесуваат одговорно и со безусловно почитување на законските прописи, како и во согласност со достигнатите демократски придобивки, водејќи сметка за државните и за интересите на граѓаните.

На средбата се разменети мислења и околу неодаманешните политички случувања, при што македонскиот претседател изразил задоволство од позитивниот однос на лидерите и на власта и на опозицијата што конечно овозможија европската агенда да се врати повторно на дневен ред во Република Македонија.

Претседателот Иванов искажал задоволство од досегашната соработка со ОБСЕ и истакнал дека високо ги нивните активности во Република Македонија, како и личниот ангажман на амбасадорот Аренс, се вели во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија