Претреси во радовишко, пронајдено оружје

Од:

Полицијата при претреси во домовите на двајца жители на радовишкото село Јаргулица пронашла и одзела повеќе ловни пушки, сигнален пиштол и муниција.

Претресите, како што информираат од МВР, биле со судска наредба и по целосното документирање ќе следат соодветни поднесоци.

– Вчера во 07:45 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Д. А. (38) од село Јаргулица, при што било пронајдена и одземена ловна пушка марка „ИЖ“ и 13 патрони калибар 16 мм, информираат од МВР.

Од МВР, исто така, информираат дека на 19.02.2021 во 08 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш, по наредба на Основен суд Радовиш извршиле претрес во домот и други простории, сопственост на Т. С. (54) од село Јаргулица при што биле пронајдени и одземени две ловни пушки марка “Црвена застава“, 51 патрон ловечка муниција калибар 12 милиметри. и сигнален пиштол марка “Екол“.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он