Претреси во прилепско, приведено едно лице, пронајдени оружје, муниција, дрога и предмети за извршување на кражби

Од:

Денеска, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода 44-годишниот Д.С. од Прилеп, извести МВР.

При претрес во неговиот дом во Прилеп, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за изработување на оружје и за извршување на тешки кражби, како што се солзавец, шишенца исполнети со течност, разновиден алат и друго, велат од МВР.

– При претрес, пак, во викенд куќа во с.Бешиште, прилепско, во која престојувал, извршен, исто така, со судска наредба, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и од Полициската станица Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ пронашле и одзеле прачки индустриски експлозив, бавногоречки штапини, детонаторски каписли, ловечка пушка калибар 12мм, делови од ловечка пушка, ловечки патрони калибар 12мм, куршуми од различен калибар, делови од растение канабис, дигитална вага, противпешадиска мина, рачна бомба, куршуми за карабин, една воздушна пушка и др, се додава во соопштението на МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он