Претреси во домовите на Артан Груби и на Прпарим Бајрами

Од:

– Полицијата од изутрина врши претреси во домовите на поранешниот вицепремиер Артан Груби и порашениот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами, а како што објавија дел од медиумите, претреси се вршат на повеќе локации во врска со криминал сторел во Државна лотарија.

При претресите, како што јавуваат медумите, и Груби и Бајрами не се пронајдени во нивните домови.

Од МВР за МИА потврдија дека се вршат дејствија во координација со јавен обвинител и дека детали ќе изнесе министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференцијата закажана за денеска во 15 часот.

Поранешниот вицепремиер Груби, кој неодамна беше ставен на „црната листа“ на САД поради наводи за значителна корупција, доцна синоќа на Фејсбук објави дека е надвор од земјава во приватна посета.

– Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување, напиша Груби во објавата.

Стејт департментот на САД на 9 декември соопшти дека воведува санкции против поранешниот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби и судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети поради нивна вмешаност во значителна корупција.

Според соопштението, Груби и Беџети примале мито со цел да ги поткопаат судските процеси поврзани со кривичната осуда на Сашо Мијалков, поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Мијалков беше санкциониран во 2022 година за значителна корупција според Секцијата 7031(в) од Законот за надворешни операции и поврзани програми на Стејт департментот. Покрај санкциите за Груби и Беџети, забрани за влез во САД се воведени и за членовите на нивните семејства.

Би можело да ве интересира

Мојсоска од Левица: Груби користел и обезбедување на државата кога избегал

Предраг Петровиќ

Стоиљковиќ објави слики од „демолираното“ БМВ оставено на сервис во времето на Груби

Катерина Ѓуровски

МВР истражува дали бегството на Груби било организирано

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани