Претреси кај полицајци поради сомневање дека преку нив документите од тајна истрага завршиле кај ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Полицијата изврши претреси кај тројца службеници на Министерството за внатрешни работи, поради сомнение дека оддале службена тајна, односно документи кои се дел од истрага. Станува збор за документите кои минатата недела на брифинг со новинарите ги објави ВМРО-ДПМНЕ, а се дел од афера во РЕК-Битола за која партијата тврдеше дека се правени злоупотреби, односно дека е баран рекет. Министерството за внатрешни работи и обвинителот кој побарал претреси, се сомневаат дека овие тројца полициски службеници, документите кои се дел од тајна истрага ги направиле јавни, а со тоа и наштетиле на истрагата. Службениците не се приведени, а со нив е извршен службен разговор.

„По наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ. Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР за „А1он“.

Неофицијално, двајца од тројцата полициски службеници кои сега се осомничени, претходно ги составиле документите односно ја примиле пријавата. Сега, обвинителот собира докази за докаже дека тие ја нарушиле тајноста на истрагата и ја злоупотребиле службената положба бидејќи документите ги дале на трети лица. Инаку, службениците извршувале високи функции во МВР.

По брифингот за новинарите со Христијан Мицкоски и објавите дека Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, е замешан во скандалот со изнуда на пари, лидерот на опозицијата кажа дека никогаш не го споменал ниту го посочил него. Инаку, аферата е поврзана со изнуда на рекет од 250.000 евра од битолска компанијата „Рубитон“ која добила тендер за ископ на јаглен.

 

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он