Претрес во Велес, пронајдени пиштол и муниција, приведено едно лице

Од:

Вчера попладне, во 15.50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 37-годишниот А.П. од Република Србија, со престој во Велес, извести МВР.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7.65 мм и една рамка за пиштол со седум куршуми калибар 7.65мм, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он