Претрес во тетовско, пронајдени фалсификувани пари

Од:

Денеска во периодот од 10.30 до 11.20 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошни простории на 44-годишниот Б.Џ. во тетовска Долна Лешница.

Како што информира МВР, при претресот биле пронајдени и одземени за вештачење околу 13 илјади евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци, 40 кувајтски динари, поради основи на сомнение дека се фалсификувани, обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување на пари, хартија за фалсификување на пари и други документи.

Б.Џ. бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 268 од Кривичниот законик – „фалсификување пари“.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он