Претрес во струмичко, пронајдена дрога

Од:

Полициски службеници лишија од слобода лице од селото Старо Балдовци, Општина Босилово, откако кај него биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети, информираа од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска околу 07:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(21) од Штип, со живеалиште во село Старо Балдовци, Општина Босилово. При претрес во неговото живеалиште, извршено со судска наредба, во дворот и внатре во куќата биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети, посочуваат од МВР.

Известен е Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват