Претрес во струмичко, приведено лице за неовластено производство на дрога

Од:

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода 46-годишниот Ј.П. од село Муртино, струмичко, информира МВР.

– Имено, во 09.30 часот, во близина на место викано „Герено“ во атарот на с.Муртино, полициски службеници, откриле импровизирано место за одгледување на марихуана, каде биле пронајдени 62 саксии засадени со марихуана, со висина на стеблата од 30 до 50 сантиметри. По преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П., соопшти МВР.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица извршен е претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари, велат од МВР.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват