Претрес во Скопје, пронајдени дрога и муниција, приведено едно лице

Од:

Денеска од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишен е од слобода 45-годишниот М.М. од Скопје, известуваат од МВР.

– Имено, врз основа на судска наредба, извршен е претрес кај М.М., на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, една дигитална вага и седум куршуми калибар 9мм, соопштува МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ