Претрес во Скопје, пронајдена дрога, двајца приведени

Од:

Денеска во 00.45 и 01.00 часот по полноќ на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода 26-годишниот Ф.С. и 36-годишниот К.Ч., двајцата од Скопје, информира МВР.

– При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и дигитална вага. Додека, при преглед на патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал К.Ч., била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват