Претрес во Штип, пронајдена дрога, приведен дилер

Од:

По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип го лишиле од слобода 32-годишниот А.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик, извести МВР.

– На 28.10.2022 по добиена судска наредба полициските службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на осомничениот и во неговото патничко моторно возило „БМВ“, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, пари, мобилен телефон, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ