Претрес во Пехчево, пронајдени дрога и пиротехника

Од:

Полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода 59-годишниот З.М. од Пехчево, затоа што врз основа на судска наредба, при претрес во неговиот дом и помошни простории во Пехчево, биле пронајдени и одземени засадени растенија cannabis sativa, ќеса со марихуана и 174 парчиња пиротехнички средства, соопшти МВР.

– По комплетирање на случајот против З.М. ќе следи соодветна кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи