Претрес во Кривогаштани, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

Од:

На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З. К.(32) од Кривогаштани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221 мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9 мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“. Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино