Претрес во Кочани, пронајдени хероин и украдени предмети, приведени четири лица

Од:

Денеска, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода 32-годишниот С.М., 22-годишниот С.А. и двајца малолетници, сите од Кочани, извести МВР.

– Имено, околу 01.30 часот двајцата малолетници биле затекнати во домот на С.М. и тројцата заедно користеле хероин. Притоа, кај едниот малолетник биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби во куќи, кои ги сторил на подрачјето на Кочани, додека кај другиот малолетник бил пронајден хероин, кој го купил претходниот ден од С.А., велат од МВР.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. и во близина на оградата во дворот биле пронајдени и одземени повеќе пакувања хероин подготвен за продажба, додава МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски