Претрес во два објекти во Скопје, одземени компјутери, мобилни телефони и камери, тројца приведени, пронајдени странски државјани

Од:

На 8 февруари, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за економски криминал и корупција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, СВР Скопје и инспектори од УЈП, врз основа на наредба на Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје, извршија претрес на домови на две локации во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган“, предвидено и казниво по чл. 156 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, извести МВР.

– При претресите во објектите се пронајдени и одземени 50 лаптоп компјутери, 351 мобилен телефонски апарат, 237 СИМ картички, 14 компјутери и 3 ДВР од надзорни камери. Исто така, во објектите беа затекнати 16 лица, од кои 11 турски државјани, за кои беше известен Секторот за странци, а три лица се приведени, со наредба од ОЈО Скопје и изведени пред Јавен обвинител, соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ