Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Од:

Полициски службеници од ОВР Делчево во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток вчера во 19:30 часот во Делчево го лишиле од слобода А.К. (48) од Делчево, во чиј дом била пронајдена дрога и огревно дрво без документација.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети и ловечки патрони, додека во дворот и на мотокултиватор со приколка е пронајдено нежигосано огревно дрво.

Мотокултиваторот и дрвата се одземени од Шумска полиција за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Земјотрес во Пехчево и Берово

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар