Претрес во битолско и ресенско, пронајдени пушки и муниција, следуваат пријави

Од:

Денеска криминалистичката полиција при СВР Битола со наредба од Основен суд извршилa претрес во битолско и ресенско, при што во село Езерани, ресенско, во домот на 44-годишниот Г.А. од село Езерани, биле пронајдени 19 парчиња различен калибар муниција, извести МВР.

– При претрес во куќа во с.Цапари, битолско, сопственост на Ј.М.(29) од с.Цапари, биле пронајдени и одземени две ловечки пушки калибар 12мм и една воздушна пушка калибар 4.5мм, додека при претрес во домот на П.Т.(57) во с.Ротино, битолско, пронајдени се и одземени еден карабин, една ловна пушка, муниција за двете оружја и друга муниција, соопшти МВР.

Трите лица биле повикани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ