Претпријатието „Куманово паркинг“ работи со добивка во вториот квартал од годината

Од:

Зголемени се приходите, а намалени се расходите на јавното претпријатие „Куманово паркинг“, покажа извештајот за работата на ова претпријатие за вториот квартал од годината.

Директорот на претпријатето Фадиљ Шабани изјави дека е остварен приход од 600 илјади денари и оти овие средства се вложуваат за поправка на мрежата на јавното осветлување.

На годишно ниво, од буџетот на општина Куманово за осветлување се одвојуваат 19 милиони денари, а од почетокот на годината досега за оваа намена се потрошени 45 проценти.

– Овој период, кој се карактеризира со добри временски услови, ќе го искористиме за работа на терен и поголем процент од средствата ќе ги намениме за замена на светилките кои се оштетени, изјави Шабани.

Екипите работат на терен два до три дена по пријава на граѓаните. Надлежните од претпријатието наскоро очекуваат да заврши поставувањето на новото улично осветлување на потегот од автобуската станица до градската џамија.

Би можело да ве интересира

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово

Кумановец повреди двајца учесници на европските младински олимписки игри