Претпоследен ден од изборната кампања за изборите на 27. април

Од:

Претпоследен ден од кампањата за вториот круг од претседaтелските избори и предвремените парламентарни избори закажани за в недела. Привршуваат подготовките за изборниот ден.

Државната изборна комисија од печатницата „Крио Дандаро“ од Битола утринава треба да го подигине избирачкиот материјал и во текот на денот и утре да го дистрибуира до општинските изборни комисии. Во сабота е молк, а тогаш гласа дијаспората, затворениците, болните и немоќните, внатрешно раселените и лицата во домашен притвор.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи митинзи во  Пробиштип  и во Кочани  и посети на Ранковце  и Крива Паланка.

Опозициската СДСМ има митинзи во Штип и во Велес и средби со граѓани во Пробиштип, Карбинци, Свети Николе, Штип, Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.

ДУИ вечерва одржува митинг во Тетово, а ДПА во Гостивар и во селото Добри Дол.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар