Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.

Од недела следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд