Претпладне сонце, попладне дожд во следните денови

Од:

Од денеска следува период во кој во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот, велат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура во следните три дена ќе биде од 12 до 22 степена, а максималната од 27 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8, односно 7.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8, прогнозираат метеоролозите.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво