Претежно облачно со магливо утро по котлините

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има магла, а преку денот ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер.

Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска облачно со повремен локален дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност