Претепана домарката во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија

Од:

Во црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во центарот на Гевгелија, вчера попладне била претепана домарката во храмот, 64 годишната Загорка Божиновска.

Според старешината на храмот, свештеникот Љупче Миланов, немилиот настан се случил во попладневните часови, кога поради високите температури движењето на луѓето е речиси целосно намалено.

– Наша претпоставка е дека немилиот настан се случил помеѓу 13 и 16 часот кога жената останала сама да ја чисти црквата. Насилникот тогаш влегол во црквата, ја внел жената во олтарот и на најсветото место во црквата ја претепал, изјави денеска за МИА свештеникот Миланов и нагласи дека при тоа црквата не била ограбена.

Увид на лице место извршиле полициските органи кои трагаат по сторителот на ова дело, а претепаната жена со подливи и крварење во мозокот кои биле констатирани во гевгелиската болница, во бессознание,поради ссериозноста на повредите била префрлена на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно