Претепан и ограбен 22 годишен тетовчанец

Од:

Претепан и ограбен 22 годишен тетовчанец кој фрлал сол на патот во селото Селце.

Додека Л.Ш. фрлал сол на патот, дошле лицата со возилото, излегле и физички го нападнале, удрирајќи го со тупаници по главата и телото.

Притоа еден од сторителите од појасот извадил пиштол и со кундакот го удрил по главата и лицето, од што Л.Ш. паднал на земја.

Потоа насилно му бил искинат и одземен златниот синџир од вратот, 5.000 денари и два мобилни телефони, по што лицата со возилото го напуштиле местото. Л.Ш. пријавил дека истите лица пред три дена во Тетово, без да му речат нешто, физички го нападнале удирајќи го со безбол палка по нозете. СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи