ВИДЕО: Пресуда за „Дива населба“

Од:

Скопскиот Кривичен суд денеска треба да ја соопшти пресудата за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на барање на МВР.

Обвинителството побара доживотен затвор за сите 37 обвинети за тероризам и терористичка организација. Адвокатите на обвинетите, пак, бараат ослободителни пресуди, бидејќи според нив има недостаток на докази за стореното кривично дело.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.

МВР соопшти дека поради одржување на судското рочиште за „Дива населба“ сообраќајот околу зградата на Основниот суд Скопје повремено ќе биде пренасочен.

– Утре на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје ќе се одржи судско рочиште за настаните поврзани со „Дива населба“. Од тие причини сообраќајот на сообраќајниците по кои ќе се спроведуваат обвинетите и сообраќајниците околу зградата на Основниот суд Скопје, повремено ќе биде пренасочен за останатите учесници во сообраќајот, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Владата е подготвена за меѓународна експертиза за случајот „Дива населба“

Ана Ололовска

МВР: Во Диво Насеље изгубивме осум херои, oвој противдржавен чин не смее никогаш да се повтори!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Три години од настаните во кумановската „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата ги разгледува можностите за меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Владата прифаќа меѓународна истрага за „Дива населба“

Ана Ололовска

Мифтарај: Тие кои војуваа во Куманово се обични платеници

Наум Локоски