Преспанските, стручките и охридските критични села добија струја

Од:

Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши и неколку други населени места во охридскиот, преспанскиот и струшкиот регион добија електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија во доцните ноќни и раните утрински часови ги отстранија дефектите на 35 кВ далекуводи. Сега се работи на санирање на помалите дефекти во ниско напонската мрежа.

Екипите, како што соопшти ЕВН, сега се стационирани на три преостанати точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница.

– На потегот од Жировница до Бошков мост, снежното невреме и силниот ветер комплетно ја уништија дистрибутивната мрежа, и 35 кВ и 10 кВ далекувод. На овој потег се прави нова врска, за само еден ден се подигна сосема нов далекувод од 12 столба и денеска со специјализирани екипи и чамци се поставуваат два нови столба и се премостува врската низ езерото, се наведува во соопштението.

Трафостаницата Центар Жупа од вчера е под напон. Пуштени се 10 Кв изводи кон трафостаниците во селата во Центар Жупа. Од синоќа и поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и ресенскиот регион добија електрична енергија. Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река. Во охридскиот регион електрична енергија добија Долно и Горно Лакочереј, Климештани, дел од Мешеишта и Требеништа. Во струшкиот регион нормализирано е снабдувањето во Љубаништа, Октиси и Боровец. Во Делогожда екипите на ЕВН и жителите на овие села заеднички се пробиваат до завеаните столбови и ќе се работи додека не се нормализира снабдувањето. Во струшкиот регион од од вчера под напон се Калишта, Франгово, Радолишта, Феришта, Дреслаица, Мороишта, Ложани, Ливади, Биџево, Вевчани и Велешта.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори