Препораките за владеење на правото во собраниските комисии

Од:

Експертските препораки за владеење на правото, измените на законите за сметководство, за обврзници, за заштита на децата и за социјална заштита, се дел од темите за кои денеска во законодавниот дом ќе расправаат четири собраниски комисии.

Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе разгледува Информацијата за потребата од формирање Меѓуресорска работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.

За истата точка ќе расправа и Комсијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка – следење на комуникациите од страна на МВР, Управат за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

Комисијата за финансирање и буџет, пак, ќе дебатира за предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници и на Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика се Предлог – законот за дополнување на Законот за заштита на децата и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање