Препораки за населението во поплавените подрачја

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уште еднаш апелира населението од поплавените подрачја да се придржува до препораките за заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење, како и до советите за навремено и правилно постапување со домашните животни.

Неопходно е, нагласува АХВ, да се следат информациите за водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење.

– За пиење, за подготовка на храна и за одржување лична хигиена, да се користи само пакувана вода или вода за пиење од цистерни која ја доставуваат јавните водоснабдителни претпријатија, резервите вода наменети за употреба задолжително да се превријат најмалку 15 минути, водата да се хлорира соодветно или од страна на стручно лице, а заматената вода да не се користи за пиење и за готвење, се до потврда на нејзината безбедност со лабораториска анализа, порачува Агнецијата.

Ако водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводи, претходно треба да се изврши превентивна дезинфекција.

– По контакт со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, задолжително измијте ги и дезинфицирајте ги рацете, заштитете ја готовата храна да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води, храната која била во контакт со водата од поплаватада не се користи за исхрана, туку да се фрли, советува Агенцијата.

Да се дезинфицираат сите работни површини, приборот за готвење и јадење, храната да се подготвува со безбедна вода, задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени целзиусови, овошјето и зеленчукот кое обично се користи сирово, дополнително да се измие во млака вода, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи, а малите деца да се хранат со индустриски подготвена храна, се исто така дел од препораките на АХВ.

Земјоделците фармери добитокот треба да го префрлат на безбедна локација, да му обезбеди храна, вода и засолниште.

– Да се отворат вратите од боксовите и шталите за да можат животните да побегнат, да не се хранат со храна која била поплавена, храната да се складира и префрли на безбедно и суво место, по можност да се складира и свежа вода во херметички затворени резервоари, цистерни, буриња, животните да бидат обележани, а ако не се, сопственикот привремено да ги обележи, за да може да се идентификуваат ако се изгубат, сугерира Агенцијата.

Доколку нема свежа и безбедна вода, на животните може да им се даде да пијат дождовница. Притоа, никако не треба да им се дава да пијат од поплавената вода.

Потребните дневни количини вода се движат од 30-50 литри за говеда, 20-45 литри за коњи, 4-12 литри за свињи, 6 литри за овци и кози, а 0,5 литри за живина.

Како што наведува АХВ, огледувачите на животни да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за давање совети, инструкции, а по потреба и за давање ветеринарно-медицинска грижа.

– По поплавата, прво треба механички да се исчисти надојдениот отпад, да се изврши дезинфекција и дезинсекција. Животните треба да се вратат во фармите кога објектите се безбедни, чисти и суви, по консултација и дозвола од надлежен ветеринар кој треба да ја провери нивната здравствената состојба. Доколку се најде мртво животно, треба да му се запише бројот на ушната маркичка или идентификациската ознака. Лешевите од животните треба нештетно да се отстранат по претходна консултација со надлежните лица, а животните кои не се во добра здравствена состојба, кои патат и страдаат, во консултација со надлежен ветеринар треба да се убијат на хуман начин, посочува Агенцијата за храна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прва жртва од невремето кое ја зафати Италија

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматична снимка од БиХ: Маж заглавен пред неговата куќа, спасувачите му фрлаат јаже