А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Препораки од Координативното тело за најавените обилни врнежи

by А1он24/11/2015 - 15:38104
Share0

Поради најавените обилни врнежи од дожд Координативното тело за управување со кризи денеска упати препораки до општините, градоначалниците, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Центарот за управување со кризи (ЦУК), компанијата ЕВН, Армијата на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Добивај вести на вибер

Во препораките Координативното тело укажува градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси и да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да вклучат претставници од ЦУК, ДЗС и  МВР. Се препорачува и градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување и да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови.

Во препораките е наведено постојано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите, единиците на локалните самоуправи да интервенираат на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки, сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција.

На возачите им се препорачува навреме да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ и се апелира до месното население да помага и да се активира.

Од Министерството за транспорт и врски истакнуваат дека надлежните институции се во постојана координација и комуникација со цел навремено да се преземат превентивни мерки за избегнување евентуални несакани последици. 

Во наредните денови, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот, се очекува врнежи на дожд и над 40 литри на метар квадратен.  Пообилни врнежи се очекуваат во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег. 

nevreme

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:47

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 09:45

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он30/08/2025 - 17:2530/08/2025 - 19:10

Силно невреме со град ја погоди Словенија

Горан Наумовски24/08/2025 - 20:46

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Катерина Ѓуровски05/08/2025 - 13:09

ВИДЕО: Дождот направи поплави во Велес, небото се спушти и над Скопје

Предраг Петровиќ04/08/2025 - 19:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен