Препорака до кумановските матуранти да прослават достоинствено

Од:

Матураните да ја прослават матурата достоинствено како што и наликува на состојбата во градот. Надлежните од петте средни училишта, од општина Куманово и од отсекот за превенција од СВР Куманово, претпладнево остварија средба во просториите на општинската зграда и се договорија превентивно да делуваат и да им укажат на матураните, прославите да бидат достоинствени.

Ништо поразлично нема да биде од претходните години, но оваа година ќе им се препорача на матурантите да не ја слават матурата со дефилеа низ градот, со собирање со музика и со делумно блокирање на улиците како што тоа со години наназад го правеа матурантите.

Како и секоја година преку проектот „Безбедни матурски прослави“ и годинава надлежните, апелираа матурата да се прослави и да остане во убаво сеќавање.

– Дел од нив се на прагот да станат академски граѓани, па така и треба да се однесуваат. Матурата треба да остане во убаво сеќавање, беше порачано на денешната средба.

Матурантите треба да се воздражат од кознумирање алкохол, строго да ги почитуваат безбедносните сообраќајни правила наменети за возач-почетник, а се препорачува на прославата да се користи друг превоз односно такси.

Директорите информираа дека преку класните ракводители се одржани средби во училиштата и дека на матурантите им се укажани овие препораки.

Годинава, општина Куманово нема да ја организира манифестацијата „Матурски бал“.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра