Пренасочување на сообраќајот на „Првомајска“

Од:

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11-ти октомври, во четврток ќе се изведуваат градежни активности на улицата „Борис Трајковски” (поранешна улица „Првомајска”), на потегот од крстосницата со улица „Иван Козаров” до Стара рампа.

При изведување на градежните активностите, на претходно наведената делница ќе има целосен прекин на сообраќајот, а истиот ќе биде пренасочен, и тоа во насока кон Драчево ќе бидат пренасочен по улица .„Антон Попов”, улица „Димо Хаџи Димов “, улица „Народни херои”, додека во обратна насока кон Центар, сообраќајот ќе биде пренасочен по улиците „Народни херои”, „Димо Хаџи Димов ” и „Антон Попов”.

Автобусите кои го опслужуваат јавниот градски превоз на линиите со бр.„4″,„4-А”ќе бидат пренасочени по улиците „Антон Попов”, „Димо Хаџи Димов и „Народни херои” .

Во насока кон Драчево, автобусите,„41″,„31″,„51″,„51-А”,„58″,„67″„70″,„74″ и „73″ ќе бидат пренасочени по булеварите „Никола Карев”, „3-та македонска бригада” и „Србија”.

Во обратна насока, односно од Кисела Вода (Усје) кон Центар автобусите на автобуските линии со бр. „4″ и „4-А” ќе ја користат трасат по улиците „Народни Херои”, „Димо Хаџи Димов” и „Антон Попов”, додека автобусите кои ги опслужуваат останатите автобуски линии на тој дел од градот и тоа: „41″,„31″,„51″, „51-А”,„58″,„67″„70″,„74″ и „73″ ќе бидат пренасочени по булеварите „Србија”, „3-та македонска бригада” и „Никола Карев” и продолжуваат во Транспортен Центар.

За време на изменетиот режим на сообраќај, скопските градски власти упатуваат молба до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош