Пренасочени и откажани неколку летови на Скопскиот аеродром

Од:

Снегот што од попладнето интензивно паѓа предизвика пренасочување или откажување на неколку авиолетови на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.

Според информациите објавени на веб страницата на аеродромот, авионите од Цирих, Истанбул, Брисел и Базел што требаше да слетаат во Скопје, се пренасочени во Приштина.

Откажани се летовите од Скопје за Дубаи, Цирих, Истанбул и Лондон.

Полетувањата и слетувањата планирани за вечерва, како што што стои на вебот на Скопскиот аеродром, продолжуваат според предвиениот распоред, засега без најави за пренасочувања или откажувања.

Би можело да ве интересира

Британски авиони соборуваат евтини ирански дронови со скапи ракети

(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Горан Наумовски

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски

Речиси 450 летови откажани или одложени на аеродромот Шипхол поради снег и ветер

Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри

Поради силен ветер два авиони не можеа да слетаат во Скопје, пренасочени се кон Приштина

А1он