Пренасочен сообраќајот по повод Задушница

Од:

Посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во периодот од 6 до 16 часот на улиците кои водат кон гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров презема денеска и утре сообраќајната полиција по повод верскиот празник Задушница.

Од МВР информираа дека на гробиштата Бутел сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локалниот пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на улица „Боца Иванова” и излегување на улица „Александар Урдаревски”.

По потреба, посочија од МВР, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улица „Јужноморавски Бригади“ и улица „Роман Каскалиевиќ“.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот