Премиерот Заев во вторник во Австрија, во среда во Полска

Од:

Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација, на 26 јуни официјално ќе ја посети Австрија, а на 27 јуни ќе биде во работна посета на Полска.

Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата во Виена ќе има средба со федералниот канцелар на Република Австрија, Себастијан Курц, по што ќе имаат заедничка прес-конференција.

Заев ќе има средба и во Парламентот на Австрија, ќе се обрати на дебата на тема „Заедничка европска иднина за Југоисточна Европа – Примерот на Македонија“, а во рамки на посетата со владината делегација ќе има средби и со претставници на бизнис-заедницата во Австрија.

– Во Варшава, премиерот Заев ќе има средба и заедничка прес-конференција со премиерот на Република Полска, Матеус Моравјецски, информира прес-службата на Владата на РМ.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски