Премиерот Заев се сретна со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн

Од:

Идната година ќе и дадеме на Европската комисија убедливи причини да го откочи процесот и да ги почнеме преговорите за членство на Македонија во ЕУ, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба во Скопје со министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург Жан Аселборн.

Претседателот на Владата, информираат од владината прес-служба, го информираше министерот Аселборн за активностите во однос на евроатлантските процеси, кои произлегуваат од зацртаните обврски во Планот 3-6-9. Укажа и на отворената покана на нашата земја за членство во НАТО и дека очекува силно придвижување во оваа насока во периодот што следува од новата иницијатива што се очекува од медијаторот Нимиц, како и од новите позитивни односи со Република Грција, остварени во последниот период.

– Новата Влада е целосно фокусирана на ова прашање, а неговото успешно решавање е охрабрено и од новиот пристап – прашањата со соседите да се решаваат во директна и отворена комуникација, што наиде на силна поддршка од стратешките партнери, како што се ЕУ и одделните земји на унијата, и на САД, истакна премиерот Заев.

Министерот Аселборн нагласи дека Луксембург и понатаму максимално ќе ја поддржува Република Македонија, како што го правеше тоа и досега во клучните политички настани за земјата, какви што беа прогласувањето на независноста и поддршката за кандидатурата во ЕУ во 2005 година.

Тој посочи дека Луксембург и понатаму останува гласен застапник на проширувањето на ЕУ, и дека Република Македонија ја гледа како идна земја членка на унијата.

Претседателот на Владата ја повтори поканата до премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел, да ја посети Република Македонија, и уште еднаш, во директна средба каква што имаа за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, да ги потврдат заедничките констатации за исклучително добрите односи меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски