Премиерот Заев се сретна со граѓански активисти од „Но пасаран“ и КСОМ

Од:

Една од клучните цели на владината програма е да ги намалиме трошоците на граѓаните и да ги вратиме парите кај нив. Потребно е, да овозможиме излегување од овој маѓепсан круг и да го зајакнеме финансискиот капацитет кај граѓаните, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба во Владата со претставници на Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран“ и Конфедерацијата на синдикати на Македонија (КСОМ).

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата со премиерот, Ана Глигорова и Марјан Ненов од „Но пасаран“ и Марјан Ристески и Кристина Антеска од КСОМ, како и нивниот правен застапник, адвокатот Донче Стаменков, ги презентираа своите барања и сугестии за измени на Законот за извршување и Законот за нотаријат, со цел да се намалат проблемите со кои се соочуваат граѓаните при наплаќањето на долговите.

– Ние се залагаме за извесен мораториум кој се однесува на периодот на извршувањето на одлуките поврзани со комуналните услуги на доверителите, формирање на регулаторна комисија преку која државата ќе контролира како се одредуваат вкупните камати за долговите, како и сумата за која се врши блокирањето на сметката на должниците, пренесе Глигорова, додавајќи дека е потребно да се врши ревизија на работата на извршителите и нотарите.

Нејзиниот колега, Ненов потенцираше дека оваа проблематика, со наплаќањето на енормни суми за долг, кој претходно без каматите е за неколку пати помал, не засега само една социјално загрозена група, туку сите граѓани на државата.

Претставниците на КСОМ посочија дека до нив постојано стигаат жалби од граѓани, за неправилности при наплатата на долговите од страна на извршителите и судовите.

Адвокатот Стаменков оцени дека одредени законски измени ќе доведат до либерализација на пазарот на извршители и нотари.

Претседателот на Владата на Република Македонија на средбата посочил, дека е потребно да се отвори јавна дебата со граѓанските активисти, за да се утврдат сите детали и потреби од идни дејствија за решавање на изнесеното крупно прашање.

– Потребно е, да се вклучат институцииите, пред се законодавната власт – Собранието на РМ, да се најде решение за сите, потенцирал премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски