Премиерот Заев со претставници на „Лајонс Дистрикт 132-Македонија“: Вашата хуманитарна мисија ја претставува нашата земја

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Интернационалната асоцијација на Лајонс клубовите(ЛЦИ), „Лајонс Дистрикт 132-Македонија“, предводена од Небојша Давидовски, основач на првиот Лајонс клуб во земјата, придружуван од членовите Соња Бојаџиева и Зоран Трајковски.

Премиерот Заев, на средбата ја поздрави хуманитарната мисија на меѓународната организација, насочена кон организирање на различни активности заподобрување на животот на слепите и слабовидните лица, лицата болни од дијабетес, социјално ранливите категории, како и активностите во областа на екологијата.

Членовите на „Лајонс клуб – Дистрикт 132 Македонија“ го запознаа Премиерот со своите најнови активности, конкретно со соработката со локалната самоуправа за организирање акции за подобрување на животната средина, како што е уредувањето на паркови и садење зеленило и бели рози кои помагаат за почист воздух.

Истовремено, средбата ја искористија да го поканат Премиерот да го отвори Европа Форумот – 2018, кој ќе се одржи од 25-27 октомври годинава во Скопје.

Прифаќајќи ја поканата, претседателот на Владата на РМ Зоран Заев оцени дека организирањето на такви големи настани, се идеална можност за презентација на можностите за инвестирање во Македонија, за претставување на туристичките и економските капацитети.

Како претставници на најголемата светска сервисна организација, на глобално ниво која брои околу 1.350.000 члена, здружени во повеќе од 46.000 клуба, собрани со една идеја – да се подобри живеењето во своите заедници, претставниците на националната организација Лајонс на Премиерот му подарија значка издадена по повод 100 години од постоењето.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски