Премиерот Заев оствари средба со нерезидентни амбасадори што ја покриваат Република Македонија од Белград

Од:

Премиерот Заев на маргините на официјалната посета на Република Србија оствари средба, работен ручек, со нерезидентни амбасадори што ја покриваат Република Македонија од Белград.

На средбата на која присуствуваа амбасадорите на Австралија, Финска, Канада, Данска, Португалија,Мексико и на Ангола, како и замениците амбасадори на Норвешкаи Белорусија, премиерот Заев информираше за имплементацијата на реформските процеси од Планот 3-6-9, како и за приоритетите од овие проекти кои имаат за цел реституирање на демократските институции и процеси во земјата, од кои се очекува нова динамика на евро-атлантските аспирации на нашата земја.

Претседателот на Владата на Република Македонија во разговорот со амбасадорите се задржа и на актуелните иницијативи на Република Македонија во однос на градењето добрососедски односи. Во таа насока, премиерот Заев го изрази своето задоволство од посетата на Република Македонија, и им ги пренесе на амбасадорите позитивните искуства од потпишаниот договор за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија.

Премиерот Заев ги запозна дипломатите и со реафирмацијата на разговорите со Грција и изрази увереност дека тенденциите покажуваат волја за барање решенија.

За ова прашање, како и за прашањата од стратешки интерес на Република Македонија, интензивираме процес со кој сакаме да постигнеме консензус со сите политички фактори во земјата, вклучувајќи ја и опозицијата, истакна премиерот Заев на средбата со нерезидентните амбасадори што ја покриваат Република Македонија од Белград.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски