А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Премиерот Заев и владина делегација на Самитот за Западен Балкан во Трст

by А1он11/07/2017 - 11:15100
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ќе ја предводи високата владина делегација на четвртиот Самит „ЕУ – Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес, што ќе се одржи на 12 јули во Трст, соопшти владината прес-служба.

Следете a1on на Instagram Instagram

Самитот, под покровителство на Италија како претседавач на Европската Унија, е организиран на највисоко ниво. На него ќе учествуваат премиерите на шесте земји од Западен Балкан, заменици премиери, министри за надворешни работи, за економија и за транспорт, високи државници на земјата домаќин, претседатели и премиери на одделни европски земји, како и претставници на ЕУ и на Европската Комисија, високaта претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и еврокомесарката за транспорт Виолета Болц.

Премиерот Зоран Заев во рамките на самитот, покрај средбите со највисоките европски државници и претставници на ЕУ и на ЕК, ќе оствари и билатерални средби со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Србија, Ана Брнабиќ, и на Словенија, Миро Церар.

Претседателот на Владата на Република Македонија ќе има средба и со Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство, кој на овој самит ќе допатува како претставник на премиерката Тереза Меј.

Следете a1on на Youtube YouTube

Собирот на највисоките државни функционери на Западен Балкан во Трст е финале на интензивните активности ЕУ во првата половина на оваа година, и резултат на посетите на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, и на еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Самитот има за цел да го поттикне придвижувањето на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан и да донесе конкретени чекори во однос на неговото инфраструктурно и економско поврзување. За таа цел е обезбеден фонд од 1,3 милијарди евра за Западен Балкан, средства кои треба да се искористат до крајот на 2020 година за проекти во областа на транспортот, инфраструктурата, енергетиката, животната средина и на иновациите, кои треба да бидат реализирани во рамките на Транспортната заедница на западниот Балкан која со свечена церемонија ќе биде основана со потписите на премиерите на замјите од регионот.

Во рамките на четвртиот „Самит за Западен Балкан“ ќе бидат одржани и повеќе значајни придружни програми, како Бизнис форум за мали и средни претпријатија, Форум за млади, Работилница за борба против корупцијата и тематската дебата Дијалог со граѓанското општество.

vladaZaev

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Горан Наумовски27/10/2026 - 16:17

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

Горан Наумовски18/10/2026 - 11:25

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски17/10/2026 - 09:0917/10/2026 - 09:10

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Горан Наумовски12/10/2026 - 10:30

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

Горан Наумовски12/10/2026 - 09:27

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео