А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Премиерот Заев и владина делегација на Самитот за Западен Балкан во Трст

by А1он12/07/2017 - 08:10207
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, ја предводи високата владина делегација на четвртиот Самит „ЕУ – Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес, што ќе се одржи денеска во Трст.

Следете a1on на Instagram Instagram

Самитот, под покровителство на Италија како претседавач на Европската Унија, е организиран на највисоко ниво. На него ќе учествуваат премиерите на шесте земји од Западен Балкан, заменици премиери, министри за надворешни работи, за економија и за транспорт, високи државници на земјата домаќин, претседатели и премиери на одделни европски земји, како и претставници на ЕУ и на Европската Комисија, високaта претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, како и еврокомесарката за транспорт Виолета Болц.

Премиерот Зоран Заев во рамките на самитот, покрај средбите со највисоките европски државници и претставници на ЕУ и на ЕК, ќе оствари и билатерални средби со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Србија, Ана Брнабиќ, и на Словенија, Миро Церар.

Претседателот на Владата на Република Македонија ќе има средба и со Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Обединетото Кралство, кој на овој самит ќе допатува како претставник на премиерката Тереза Меј.

Следете a1on на Youtube YouTube

Собирот на највисоките државни функционери на Западен Балкан во Трст е финале на интензивните активности ЕУ во првата половина на оваа година, и резултат на посетите на Могерини, и на еврокомесарот Хан.

Самитот има за цел да го поттикне придвижувањето на евроинтеграциите на земјите од Западен Балкан и да донесе конкретени чекори во однос на неговото инфраструктурно и економско поврзување. За таа цел, како што најавија евроамбасадорот Дамуел Жбогар и италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео, на самитот ќе бидат презентирани и седум регионални проекти во вкупно вредност од 200 милиони долари кои ќе бидат обзбедени како грант, од кои дел ќе биде наменет и за Македонија.

За евроинтеграциите на регионот обезбеден е фонд од 1,3 милијарди евра за Западен Балкан, средства кои треба да се искористат до крајот на 2020 година за проекти во областа на транспортот, инфраструктурата, енергетиката, животната средина и на иновациите, кои треба да бидат реализирани во рамките на Транспортната заедница на западниот Балкан која со свечена церемонија ќе биде основана со потписите на премиерите на замјите од регионот.

Во рамките на четвртиот „Самит за Западен Балкан“ ќе бидат одржани и повеќе значајни придружни програми, како Бизнис форум за мали и средни претпријатија, Форум за млади, Работилница за борба против корупцијата и тематската дебата Дијалог со граѓанското општество.

samitvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео